Посетата на папата Фрањо во Ирска за Светската средба на семејствата се чувствува и на социјалните медиуми: овие денови, социјалната мрежа Твитер создаде специјален емотикон за настанот.
Социјалната мрежа на Твитер создаде посебен емотикон за претстојната посета на папата Фрањо во Ирска по повод 9. Светска средба на семејства во Даблин од 21 до 26 август. Емотикон се состои од мала слика, која го прикажува насмевнатото лице на папата Фрањо, а во позадина е ирското знаме. Овој емотикон се активира секогаш кога се објавуваат твитер пораки кои содржат еден од следните хаштагови: #PopeInIreland, #PápaInÉirinn (на келтски) #WMOF2018 (Кратенка на World Meeting of Families) и #FestivalOfFamilies.
Папата во Ирска и социјалните медиуми
Исто така, за време на Апостолската посета на САД во 2015 година, Твитер создаде посебен емотикон за настанот. За Irish Times, одговорното лице на Твитер за Европа, Карен Вајт, истакна дека целта на оваа иницијатива е да се „поттикне дијалог на Твитер за посетата на Папата на Ирска”. Овој настан Твитер го смета за еден од „најважните настани во година”. Посебно задоволство за ова искажа и портпаролот на Светската средба на семејства, Бренда Драм. Таа исто така се надева дека „ќе го социјализира интересот за посетата на Папата и средбата на семејства, која пак има свој официјален повеќејазичен профил на Твитер @ WMOF2018.
Папата има скоро 50 милиони следбеници на Твитер
Твитер профилот на папата Фрањо @Pontifex е еден од најследените во светот со скоро 50 милиони симпатизери. Најследени јазици се англискиот (18 милиони), шпанскиот (16,7 милиони) и италијанскиот (скоро 5 милиони). До сега, повеќе од 12.000 твитови беа објавени на девет јазици. Од март 2016 година, Папата исто така има и профил на Инстаграм @Franciscus, кој досега има скоро 6 милиони следбеници.
Ватикан њуз/к.мк