Ходочасници повторно ја посетуваат Светата Земја и светите места на христијанството. Според податоците кои ги објави Кустодијата на Светата Земја, во јанаури е постигнат рекорд. Имено Светата Земја е посетена од 26.000 верници. Тој резултат се вбројува во очигледниот тренд на пораст, за кој зборуваше о. Томаш Дубиел, раководител на инфорамтивниот центар.
Во јануари 2016 година света Миса во светилиштата резервирале 390 групи, со учество на 11.000 ходочасници. Минатата година во истиот период имало 16.000 ходочасниците во 529 групи. Но во јануари оваа година, бројот на групите се зголеми на 770, со вкупно 26.000 ходочасници. Најмногу ходочасници доаѓаат од Соединетите Американски Држави, а потоа следуваат од Русија, Франција, Германија и Обединетото Кралство.
РВ/к.мк