Струмица: На пат за Витлеем

Струмица: На пат за Витлеем

Во петок 2 декември 2016 година во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица се служеше света Литургија во 6.15 часот во рамки на иницијативата на децата и младите од парохијата именувана „На пат за Витлеем“. На Литургијата покрај децата и младите, присуствува и голем број членови на нивните семејства.

Во кратката проповед о. Гоце Костов истакна: Подготвеноста да се стане некој час порано ја отсликува нашата определба и припадност кон Господ. Овој напор Господ ќе го награди и ќе помогне во нашата духовна борба, посебно во овој Божиќен пост, да ја истисне теминината и гревот од нашиот живот, како што тоа го прават мугрите во утрото, потиснувајќи ја темнината на ноќта. (…) Зарем има нешто поубаво од започнување на новиот ден со Господ, со молитва, со Литургија … На овој начин, но и со нашиот живот во секојдневието низ овој Божиќен пост духовно се поврзуваме со божиќните настани и се упатуваме „На пат за Витлеем“ за да Му се поклониме, славејќи го Младенецот Исус.5290_1

По Светата Литургија во парохиската сала следуваше посен доручек за учениците и децата, кој беше подготвен од верниците, а го послужија волонтерите од парохијата.

„На пат за Витлеем“ е иницијатива на децата и младите од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица, во која низ шест петоци во Божиќниот пост ќе се служи света Литургија во 6.15 часот, со тематски проповеди, подготвувајќи се за празникот Рождество Христово.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот