Најстариот член во парохијата „Св. Петар и Павле“ од Гевелија се вклучи во синодалниот ôд на епархијата и целата Црква

Најстариот член во парохијата „Св. Петар и Павле“ од Гевелија се вклучи во синодалниот ôд на епархијата и целата Црква

Eлица Шапкарова – најстариот верник од парохијата Свети Петар и Павле од Гевгелија, додека силите ја држеја беше редовна во црквата на сите Богослужби и други побожности. Во младоста не ја спречуваа ниту забраните ниту заканите од тогашните неистомисленици. Не ја спречуваа ниту обврските во семејството и децата како мајка на две сирачиња.

Денес во поодминати години и немоќта не ѝ дозволуваат да доаѓа во црква. Заедно со мајката на нејзината снаа, која е исто немоќна, живеат заедно и за нив се грижат нивните деца. Двете заедно секој ден молат Света Бројаница и многу други молитви. Обично молар за целата црква и за секој човек во потреба.

Сестрите Евхаристинки од Гевгелија при последната посета која и на двете им направило голема радост ги запознале со Синодата и молитвениот дел од Синодалниот пат на парохијата. Ги запознале и со процесот за прогласување за блажен на основателот на Сестрите Евхаристинки, отец Јосиф Алоати.

Слушајќи ги зборовите на Сестрите Евхаристинки ветиле дека секој ден двете заедно ќе ја молат редовно општата молитва за Синодата за нејзин успех, а воедно и молитвата на отец Јосиф Алоати за добивање благодати од Бога со негово посредство за себе и за сите во потреба.

к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот