Средба на папата Лав XIV со патријархот Вартоломеј

Средба на папата Лав XIV со патријархот Вартоломеј

Во понеделник 19 мај 2025 година во Ватикан, папата Лав XIV го прими Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој во неделата присуствуваше на востоличување на новиот Папа.

За време на средбата, двајцата поглавари ја потврдија својата желба да продолжат да ги негуваат блиските братски односи кои се развија меѓу покојниот папа Фрањо и Вселенскиот патријарх. Во срцето на овој однос е заедничката посветеност на заштитата на ранливите и промовирањето на мир во светот.

За време на разговорот, папата Лав XIV и патријархот Вартоломеј се договорија оваа година да одржат посебна средба за да ја одбележат 1700-годишнината од Првиот Вселенски собор, одржан во Никеја, Мала Азија. Настанот е планиран за крајот на ноември, на празникот на Свети Андреј, светецот-заштитник на Вселенската патријаршија, а Папата може да ја посети резиденција на патријархот во Фанар – Истанбул.

Пред да замине од Рим, патријархот Вартоломеј ја посети базиликата Света Марија Велика, каде се  помоли на гробот на покојниот папа Фрањо.

Оваа средба ги нагласува актуелните напори за зајакнување на врските меѓу Католичката и Православната црква преку меѓусебно почитување, соработка и заедничко сведоштво во еден проблематичен свет.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот