Во сабота, на 1 јуни 2024 година група на деца и млади се собраа во куќата на Фоколарите во Скопје каде имаа работилница на тема пораката на Папата која ја упати на младите пред пет години овде во Македонија: „Што сонуваме денес?“
Порака која и денес е актуелна и нè потикнува да работиме за подобар свет. Децата од 9 до 15 години, работеа во групи со три различни делови од пораката на папата, барајќи одговори на прашањата: „Што сонуваме денес?“, „Како можеме да бидеме занаетчии на нашата порака?“ и „Како треба да ги поддржуваме различните од нас?“. Во попладневните часови имаа работилница за комуникација со акцент на медиумите и комуникацијата меѓу младите денес.
Средбата заврши со зборовите на Папата дека каучот не ни дава среќа и дека Бог има потреба од нас. Треба да обуеме чевли и да одиме во светот за да можеме да живееме конкретно. На крајот беа исполнети очекувањата на сите деца кои беа дел од средбата, заминувајќи во своите средини збогатени и охрабрени од заедништвото.
к.мк