На 2 април 2019 година, монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко- скопски епарх, во Бискупската резиденција го прими г-дин Едмонд Адеми, министер без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората.
Во пријатната и срдечна атомосфера разговараа за нашите иселеници во дијаспората, а неизбежна беше и темата за Апостолската посета на Неговата Светост, папа Фрањо на Македонија, која и од двајцата соговорници беше оценета историска и многу важна за нашата земја, како и за меѓуверскиот и меѓурелигискиот живот.
к.мк