Средба на бискупот Стојанов со Богопосветените лица од Скопје

Средба на бискупот Стојанов со Богопосветените лица од Скопје

На 23. декември 2017 година, Богопосветените лица од градот Скопје го посетија Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов и во таа прилика му ги честитаа претстојните Божиќни празници.

Традиционално, секоја година претставник од некоја заедница од Скопје, во име на сите упатува честитката на бискупот. Така и оваа година, во име на сите Богопосветени лица честитка му упати провинцијалната поглаварка на сестрите Евхаристинки, с. Стефанија.

С. Стефанија, во својата честитка се осврна на сите овие значајни настани кои како Црква во текот на годината ги живеевме и му заблагодари на бискупот Стојанов за неуморното водење на доверениот народ и пастирското охрабрување. Честитајќи му ги претстојните Божиќни празници и празникот на Христовото раѓање, сестрите на бискупот му го врачија својот дар.

Бискупот Стојанов се заблагодари на гестот на заедништво и дарот, посакувајќи благословени Божиќни празници исполнети со силата на Божјиот Дух.

Средбата продолжи во пријатно заедништво во предбожиќна атмосефра.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот