На 4 мај 2021 година, во попладневните часови, во просториите на Македонски Каритас во Скопје, во пријатна атмосфера, притоа почитувајќи ги мерките за заштита од епидемијата Ковид-19, се одржа средба помеѓу персоналот на Македонски Каритас, предводен од директорот дон Паво Шекерија и Барбара Садовска, основач и претседател на Фондацијата „Барка“ од Полска, заедно со Мингаудас Данус – експерт за социјално претприемиштво од Литванија и соработник на Барбара и Дејан Стојановиќ – Извршен директор на „ИН ВИВО“ – Организација за социјален и економски развој.
Барбара Садовска, во март, годинава, е избрана за една од 100 најважни жени во светот, во доменот на социјалното претприемништво, а активностите на нејзината фондација се фокусирани на поддршка на лица во потреба (бездомници, поранешни затвореници, зависници од алкохол и други).
На средбата Барбара лично се претстави себе, како и активностите на нејзината фондација во Полска, која постои 30-тина години, а и проектот кој што го спроведува во моментов во Македонија.
Додека пак Спасе Спасов, координатор на Каритас, ја запозна со активностите и структурата на Фондацијата Македонски Каритас; со предизвиците со кои се соочува во условите на пандемија; и подетално за улогата на Каритас во областа на социјалното претприемништво.
На крајот од средбата, директорот на Македонски Каритас, дон Паво Шекерија изрази благодарност за остварената средба и надеж за понатамошна соработка.
к.мк