Папата Фрањо ја повтори својата желба дека наскоро сака да ја посети својата татковина, Аргентина. „Со заддоволство би сакал наредната година да ја посетам Аргентина“ го цитира Папата аргентинскиот дневен весник „Ла Насион“. Оваа реченица е дел од разговорот на папата Фрањо со аргентинскиот новинар Жаоким Моралес Сола, кој минатата недела разговараше со Папата во Ватикан.
Точниот датум за патувањето на папата во Аргентина според Сола нема да биде објавен пред претстојните претседателски избори во Аргентина. Според тоа „можен“ термин е во втората половина во 2020 година. Според Сола патувањето на папата Фрањо во Аргентина може да се поврзе со патување и во Уругвај.
Папата Фрањо откако е избран за папата во 2013 година ја нема посетено својата татковина. За време на Ад Лимина посетата на аргентинските бискупи во мај оваа година, Папата истакнал дека сака да ја посети Аргентина. Според ватиканскиот портал Ватикан њуз тогаш папата Фрањо уште додал: Во моментот приоритетот е ставен на оние кои во светот најмногу страдаат.
Ватикан њуз/к.мк