Со помош на Папата се финансирани 80 проекти во Украина

Со помош на Папата се финансирани 80 проекти во Украина

Папата Фрањо на 3 април 2016 година повика на „посебно собирање на милостиња“ за Украина. Со собраните финансиски средства во таа источноевропска земја се поддржани 80 проекти – објавија на 11 август 20017 година организаторите на иницијативата „Папата за Украина.“

Меѓу финансираните проекти се и летни кампови за деца од погодени од војната во реонот Донецк, а исто така директно финансиски е помогнато на луѓе во источна Украина. Целта е со помошта да се поддржи населението на истокот на таа земја, кое живее во подрачја погодени од војната.

Организацијата на Обединетите нации проценува дека во Украина скоро 2 милиони лице се интерно раселени, од почетокот на војната во 2014 година загинале повеќе од 10.000 луѓе. Имено, по руската анексија на украинскиот полуостров Крим, околу градовите Донецк и Луганск се води војна помеѓу бунтовничките сили кои ги поддржува Русија од една страна и украинската војска и паравоените сили од друга страна.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот