Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Паролин и упатена до шведскиот премиер Кристерсон, папата Фрањо изразува сочувство за жртвите од нападот од страна на 35-годишен маж во училиштето за возрасни во Оребро и се надева на брзо закрепнување на повредените.
Папата е длабоко ожалостен поради пукањето што се случи на 4 февруари 2025 година, во училиште за возрасни во Оребро, Шведска, во кое се убиени 11 лица. Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин, упатена до шведскиот премиер Улф Кристерсон, Папата ја ветува својата духовна близина со сите погодени од овој трауматичен инцидент, кој шведските власти го опишаа како најлошото масовно пукање во земјата. Папата Фрањо упатува молитви за упокојување на душите на загинатите, за утеха на членовите на нивните семејства и пријатели кои тагуваат, како и за брзо закрепнување на повредените. „Во овој тежок момент за нацијата, Папата од Семоќниот Бог моли за шведскиот народ дарови на единство и мир“, се вели во телеграмата на Папата.
Напад
Нападот се случил во вторник попладне 4 февруари, кога 35-годишен маж отворил оган во кампусот во кој се сместени центри за образование за возрасни, при што загинале 11 лица, а 15 други ранил.
Ватикан њуз/к.мк