Во телеграма Светиот Отец изразува сочувство до Суверениот витешки малтешки ред за смртта на вршителот на должноста Големиот мајстор, брат Марко Лузаго.
Фра Марко Лузаго, вршител на должноста Голем мајстор на Суверениот витешки малтешки ред, почина на 7 јуни како последица на ненадејно боледување. Во телеграмата со сочувство до кардиналот Силвано Марија Томази, делегат на Папата за Суверениот витешки малтешки ред, Светиот Отец рече дека духовно ја споделува својата тага поради ненадејната смрт на неговата екселенција брат Марко Лузаго.
Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, Светиот Отец изразува сочувство до семејството на починатиот и до сите членови на Редот. Тој потсетува на великодушната посветеност на Лузаго во вршењето на неговата висока функција во служба на таа институција, како и на неговата љубов кон Црквата и неговото сјајно христијанско сведоштво.
Папата Фрањо моли вечен мир за него и од сѐ срце го благословува кардиналот Томази, како и Големиот командант, фра Руј Гонсал до Вале Пешот, кој го презема раководството на Редот, Голем мајстор, како и сите членови на редот.
Ватикан њуз/к.мк