Падре Пио не зборувал за своите рани на никого освен на идниот папа Иван Павле II. Ако е така дека вакво нешто му открил само на Папата мора да постои добра причина за тоа.
Само ретки светци на своето тело ги носеле раните Христови, учествувајќи во неговата мака. Падре Пио бил еден од тие. Сите негови браќа тоа го знаеле, но само луѓето од доверба знаеле за сокриената рана на рамото.
Светецот својата тајна рана ја открил само на една личност
Падре Пио е еден од неколкуте светци кои на своето тело му се означени раните на Христовата мака, стигми. Освен раните од клинците и копјето, на Падре Пио му е дадено да носи и рана на рамото која нашиот Бог му ја дал. Раната која ја предизвикала носењето на крст, а за која знаеме дека Исус ја открил на свети Бернард.
Раната која падре Пио ја имал, ја открил еден од неговите пријатели, падре Модестино од Пиетрелчина. Овој монах бил од родниот крај на падре Пио и му помагал во христијанските работи. Еден ден идниот светец рекол на својот брат дека менувањето на кошулите му е една од најболните работи кои мора да ги издржува. Падре Модестино не разбрал зошто е тоа така, но претпоставил дека падре Пио мисли на болката која ја чувствуваат луѓето кога ја соблекуваат својата облека, а таа се лепи за раната. Вистината ја сфатил дури после смртта на свети Пио кога ја подготвувал свештеничката одежда за својот брат.
Соблекувањето на поткошулата за падре Пио значело соблекување на облека со отворена рана
Падре Моедестино како задача добил да ги собере сите останати работи на падре Пио и да ги запечати. На поткошулата пронашол голема дамка која била на десното рамо, блиску до плешката. Дамката била голема колку 10 сантиметри (нешто слично на дамката од торинското платно). Тогаш сфатил дека соблекувањето на поткошулата за падре Пио значело кинење на облеката од отворената рана што му причинувало неопишлива болка.
„Веднаш го информирав поглаварот за тоа што пронајдов“, се присети падре Модестино, а поглаварот го замолил да направи завршен извештај. Додал: „Отец Пелегрино Фуничели, кој исто така многу години му помагал на падре Пио, рекол дека многу пати кога му асистирал на падре Пио при соблекувањето на памучните поткошули сведочел – понекогаш на десното, а понекогаш на левото рамо – кружни хематоми.“
Војтила единствено ја уживал довербата на падре Пио
Падре Пио не зборувал за своите рани со никого освен со идниот папа Иван Павле II. Ако тоа е така, дека вакво нешто му открил само на Папата, за тоа мора да постои добра причина.
Историчарот Франческо Кастељо пишува за средбата на падре Пио и отец Војтила во Свети Џовани Ротондо во април 1948 година. Тогаш падре Пио му рекол на идниот папа за својата „најболна рана“.
Вака страдав…
Падре Моедестино подоцна известил дека падре Пио, после својата смрт, на својот брат му дал посебно видение на неговите рани.
„Една ноќ пред спиење, во својата молитва го повикав: Драг падре Пио, ако навистина сте ја имале таа рана, дајте ми знак, па после тоа заспав. Но во 1:05 часот во ноќта, од мирен сон, ме разбуди изненадно остра болка во рамото. Беше како некој да земаше нож и ми откина месо од плешката. Да потраеше таквата болка уште неколку минути, мислам дека би умрел. Во екот слушнав глас кој ми рече, „вака страдав“. Интензивниот мирис ме опкружи и ми ја исполни собата. Почувствував како срцето да ми е преплавено со љубов за Бога. Тоа на мене остави чуден впечаток: одземањето на неподносливата болка ми се чинеше уште потешко отколку да се издржи. Телото се противеше на тоа, но душата, необајсниво, тоа го сакаше. Беше, во исто време, многу болно и многу слатко. Најпосле сфатив!“
Жена Врсна/к.мк