Папата Фрањо на 11 октомври 2017 година се обрати до учесниците на еднодневната конференција по повод 25 годишнината од објавувањето на Катехизмот на Католичката Црква, а во организација на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација.
Светиот Отец до присутните рече дека во самата природа на Црквата е да го „чува залогот на верата“ и да продолжи по патот на Црквата, со што вистината која е присутна во проповедувањето на Исусвата Радосна вест ќе расте во полнина до свршетокот на времињата.
Со радоста која се раѓа од христијанската надеж и вооружени со „лекот на милосрдието“ пристапуваме до мажи и жени од нашето време како би им помогнале да го пронајдат неисцрпното богатство содржано во личноста на Исус Христос – рече Папата, додавајќи дека Катехизмот е важно орудие и за верниците претставува вечна наука на Црквата како би можеле да растеме, разбирајќи ја верата.
Во својот говор Светиот Отец се осврна и по прашањето за смртната казна, истакнувајќи дека тоа прашање во Катехизмот на Католичката Црква треба да се обработи на соодветен и кохерентен начин. Папата напомена дека мора јасно да се истакне дека смртната казна е нечовечка мерка која го гази човечкото достоинство без разлика за поводот. Таа по себе е спротивна на Евангелието, бидејќи подразбира намерно прекинување на човечкиот живот кој никогаш не престанува да биде свет во очите на Создателот и чиј единствен и вистински судија и гарант е Бог.
Словото Божјо не може да се чува во нафталин како стар прекривач за да се заштити од молците – рече Папата. Словото Божјо е динамично и жива реалност , кое се развива и расте, бидејќи е упатно за исполнување, кое никој не може да го запре. (…) Науката не може да се зачува, а да не и дозволиме развој, никој не може да биде врзан за толкување кое е круто и непроменливо, а при тоа да не се понижи за делувањето на Светиот Дух – рече на крајот Светиот Отец.
РВ/к.мк