Во вторник 20 декември 2022 година во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одржа божиќна духовна обнова за монашките заедници во Македонија, на која учествуваа сестрите Евхаристинки, сестрите Усмиленки и сестрите Мисионерки на љубовта и фоколарините.
Духовната обнова ја предводеше патер Маријан Бешлиќ. Средбата започна со молитва, а продолжи со размислувања за човечката ранета природа. Патер Маријан поттикна на размислување за нашата ранета природа, осврнувајќи се на книгата од Тома Кепмински „Наследувај го Христос“.
Потоа следуваше подготовка за света Исповед врз основа на текст од Евангелието спроед Лука, кој зборува за блудниот син. За време на светата Исповед беше изложена Светата Причест за обожавање.
Духовната обнова заврши со Литанија до Пресвето Срце Исусово, посвета до Срцето Исусово и благослов.
к.мк