Скопскиот бискуп Стојанов ја посети парохијата Скопаљска Грачаница
Скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов, кој е поканет да го предводи Евхаристиското славење по повод прославата на патронот Свето Семејство во Купрес, на 27 јули, ден претходно ја посети парохијата Срце Мариино во Скопаљска Грачаница.
Бискупот Стојанов пред почетокот на неделната утринска Литургија во парохијата Срце Мариино дојде во црквата каде на почетокот на Литургиското славење го поздрави парохот дон Тадија Ивош, кој изрази радост поради присуството на бискупот и го запозна накратко со историјата на оваа парохиска заедница. После изјавата на парохот дека монс. Стојанов може да се смета за „роднина“ на Скопаљската долина во која е сместена оваа парохиска заедница бидејќи тој е скопски бискуп, низ црквата се разнесе ракоплескање. Исто така го поздрави и во придружба на бискупот синот на оваа парохија скопскиот катедрален парох дон Давор Топиќ, чија заслуга е што бискупот ја посети оваа средина, а упати и поздрави до парохот во Радово о. д-р Зоран Стојанов.
Бискупот Стојанов му се заблагодари на парохот дон Тадија на гостопримството како и на зборовите за добредојде велејќи дека е радосен што можел да го запознае овој дел на Врхбосанската надбискупија како и на „даруваниот“ свештеник кој потекнува од оваа парохија, а е на служба во Скопската бискупија. Обраќајќи се на присутните верници, ги охрабри живеејќи од својата вера во тешките моменти на војната како и сега, да не престанат да ја предаваат таа вера на идните поколенија. Исто така истакна дека верата на оваа парохија е видлива преку делата. Потоа бискупот Стојанов со придружбата се упати кон Купрес.
к.мк/кта