Сингапур. Папата во деловниот град каде што „Црквата е сол“

Сингапур. Папата во деловниот град каде што „Црквата е сол“

Во парохијата „Пресвета Богородица Царица на мирот“ во Сингапур, свештеникот Тимоти Јео ја нагласува улогата на католиците во градот-држава и верскиот плурализам што воспитува за прифаќање на различностите. Надежта на верниците лаици е дека Папата ќе може да ги отвори срцата за мир бидејќи светот многу страда. Нека фактот што тој се соочи со толку напорно патување биде пример за да се пружи рака на оние на кои им е потребно.

Културниот и верскиот плурализам е една од силните обележја на Сингапур, земјата во која на 11 септември, пристигна папата Фрањо и која е последната дестинација од неговото 45-то апостолско патување во Азија и Океанија. По драматичниот период на јапонска окупација (1942-1945), за време на кој Црквата претрпе тежок прогон, во повоените 50-ти години католичката заедница заживеа, а Црквата ја интензивираше својата работа на образовното, здравственото и социјалното подрачје. Таа со големо внимание и ентузијазам се подготвуваше за пречекот на папата Фрањо, за што сведочеше дописничката за ватиканските медиуми, Делфин Алер, која разговараше со свештеникот и неколкумина верници од парохијата „Пресвета Богородица Царица на мирот“.

Отец Тимоти Јео: Папата носи голема надеж

Отец Тимоти Јео живеел десет години во Италија, во Рим и Мачерата и е парох на црквата „Пресвета Богородица Царица на Мирот“, изградена во 1954 година. Навистина, оваа година ја слави седумдесетгодишнината од своето основање и ја изразува богородичната посветеност која е многу силна меѓу католиците на тој остров.

Посетата на Папата е историски и значаен настан бидејќи Папата доаѓа да ни донесе порака на охрабрување и единство – рече отец Тимотеј. Католичката заедница е малцинство, составено од околу 300.000 верници, главно доселеници кои дошле во Град-држава заради работа, а тие се распоредени во 32 парохии. Во мојата парохија, на пример, секоја недела на света Литургија доаѓаат главно Филипинци, Индонезијци и дел и Италијанци. Тоа се верници кои се многу вклучени во пасторалниот живот на парохијата – додаде.

Отец Тимотеј, исто така, го истакна напорот за негување на заедништвото и братскиот мир. Тоа е нашето послание – нагласи тој. Со здружението Свети Винко Паулски, ние сме посветени на пружење помош на луѓето на кои им е потребна, соработувајќи со луѓе од други вери: будисти, таоисти и муслимани. Присуството на Папата носи голема надеж. Неговиот лик е многу важен за сите нас. Погледот на Исус ни дава важен поттик за нашиот духовен раст – рече отец Тимотеј и истакна дека во контекст каде богатството и развојот се фасцинантни, токму таму, среде бизнисот, казината и индустријата, Црквата е сол.

Голема вклученост на мирјаните во пасторалниот живот

Италијанската парохиска заедница, заедно со парохискиот свештеник, е основана од лаик верник Моника Фонтанезе. Станува збор за прилично мала реалност – истакна таа, но доаѓањето на Светиот Отец се чувствува со голем интензитет. Има многу ентузијазам. Овде, католиците подготвија бројни настани и ќе го пречекаат на најдобар можен начин и се исклучително благодарни со оглед на напорот што римскиот епископ на негова возраст го прави за да дојде овде. Навистина е очекувано – истакна таа, Папата да ги потенцира концептите на толеранција, меѓусебно почитување, интеграција, чија крајна цел е мирот. Верничката потоа истакна колку Сингапур е мозаик на култури и религии и – како што рече – тоа е одличен пример за нас; се надеваме дека посетата на Папата исто така ќе има влијание во оваа смисла за да можеме и ние да ги отвориме очите кога ќе се вратиме во Италија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот