Силјановска Давкова: Со Светиот Престол имаме нераскинливи историски врски

Силјановска Давкова: Со Светиот Престол имаме нераскинливи историски врски

Во четврток 23 мај 2024 година папата Фрањо се сретна со македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова.

По средбата со папата Фрањо македонската претседателка објави пост на својот Facebook профил во кој стои:

Со Светиот Престол имаме нераскинливи историски врски преку важни личности од заедничкото минато. Благодарност до Папата Франциск за пријатниот и конструктивен разговор.

Уверена сум дека во периодот што следи уште поинтензивно ќе се залагаме за продлабочување на севкупните односи со Светиот Престол и ќе го негуваме меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции.“

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот