Силен земјотрес го погоди Загреб

Силен земјотрес го погоди Загреб

Потврдена е првата жртва од зeмјотресот.

Во недела 22 март 2020 година сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа силен земјотрес со епицентар во Маркушевци, во близина на Загреб. Магнитудата на земјотресот е 5,5 според Рихтер, а интензитетот е VII степени според меркалиевата скала.

Петнаесетгодишно девојче од Загреб е првата жртва од земјотресот во Загреб, а помошниот министер за Внатрешни работи Дамир Труд потврди дека има и повеќе повредени.

Во земјотресот е оштетена јужната кула од загрепската катедрала.

Ика/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот