СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Дваесетти ден: Душa поклонителка на Пресветото Срце

Пресветото Срце, величествено светилиште на Пресветата Троица, заслужува целото човештво да остане во непрестајно поклонение пред Него. Но, Добриот Учител тешко наоѓа вистински поклонители, поклонители во дух и вистина.

Биди барем ти една од душите што ќе Му се поклонуваат и ќе Му останат верни. Понизи се длабоко пред Срцето Исусово и остави ги во сенка сите други работи, за да можеш да останеш сам пред тоа Божествено Сонце на сите души.

Како надомест за своето слабо поклонение, принеси Му го поклонението на Пресвета Дева Марија, на свети Јосиф и на сите ангели и светци.

Твојата духовна вежба нека се состои во тоа да задржиш став на голема почит пред Пресветата Тајна, и така да ја поддржуваш ревноста и понизноста на ангелите во поклонението.

Нека твоето поздравување на Исус во Евхаристијата биде исполнето со накана да Му се поклонуваш и да Го љубиш наместо сите оние што не Го признаваат или Го навредуваат во оваа Пресвета Тајна на Љубовта.

Сети се денес често да повторуваш: Нека биде љубено Срцето Исусово!

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот