СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Осумнаесетти ден. Душа полна со доверба во Пресветото Срце

Колку среќнапривилегија! Исус сака да ти ги довери Своите болки, тајни и најдлабоки желби на Своето прекрасно Срце.

Затвори ги внимателно своите уши пред надворешната врева, за да можеш да го препознаеш Неговиот благ глас. Смири ги во себе духот, фантазијата и говорот, и повлечи се во најдлабоката внатрешност на својата душа. Таму, во текот на овој ден, остани внимателен кон она што Исус, надежта на твојот живот, сака да ти го открие.

Тој ќе ти зборува за Своето вечно постоење, за Своето страдание и смрт, за неблагодарноста со која човештвото возвраќа на Неговата неизмерна љубов. Пред сè, ќе ти зборува за Својата бескрајна желба да се соедини со твојата душа, како и за начините преку кои сака да те привлече кон Себе и да те одвои од сè друго.

Колку ли уште работи Исус ќе ти довери, ако ги затвориш вратите на своите сетила — и внатрешни и надворешни — и ако, чувајќи длабока тишина, имаш слух потребен за да го разбереш и примиш она што Бог сака да ти го каже.

Ќе молчам, Господи, за подобро да разберам што Твоето Срце сака моето срце да сфати.

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот