Кога некој ќе сподели со вас дека има проблеми со зачнување, понекогаш тешко е да се знае како да се одговори. Еве неколку совети.
Многу парови делат заеднички сон да имаат деца. Паровите кои се соочуваат со неплодност, сфаќаат дека сонот може да биде предизвик, навидум невозможно патување. За жал, искуството со неплодност не е ретко. Шест проценти од жените кои живеат во САД, кои се на возраст меѓу 15 и 44 години, не можат да забременат.
Кога ќе ги додадете уште 12% проценти од жените кои живеат во САД на возраст помеѓу 15 и 44 години, а имаат потешкотии со забременувањето и со доносувањето на бременоста до термин, ќе завршите со речиси една петтина жени кои се борат со неплодност само во САД.
Кога некој ќе сподели со вас дека има проблеми со зачнување, понекогаш тешко е да се знае како да се одговори. Ако не сте го доживеале тој проблем, тешко е да знаете што да кажете. Оние што се борат со неплодност бараат поддршка и разбирање. Еве седум работи кои жените (и паровите!) сакаат да ги знаете …
- Ништо не боли повеќе од зборовите „Само релаксирај се и ќе се случи”
Кога паровите што се борат со неплодност си одат дома за време на празниците, или поминуваат вечер со колегите или се дружат со своите пријатели, прашањето за тоа кога ќе имаат деца може да се наметне во разговор. Ако има едно нешто што сите парови кои доживеале неплодност го слушнале, тоа е „Само релаксирајте се и ќе се случи“ или „Престанете да размислувате толку многу на тоа да имате деца”. Советот е проследен со приказни за парови кои некој ги познава, кои „заборавиле” на тоа да имаат деца и ја најавиле својата бременост набргу потоа. Но, да им кажете на паровите „само да се релаксираат” е најлош можен начин да се одговори на некој што се соочува со неплодност.
Исто така, не е вистина дека само стресот е причината поради која лицето не може да забремени. Истражувањата за стресот и неплодноста се покажаа недоследни. „Проблемот е во тоа дека само стресот најверојатно не може да биде единствена причина за неплодност; ако имате состојба која влијае на вашата способност да забремените или да ја задржите бременоста, тоа нема да се излекува со никакво ослободување од стрес”, пишува Оливија Кембел во The Cut. Наместо да ја повторувате изјавата „само релаксирајте се” следниот пат кога парот ќе ви се отвори за своето искуство со неплодноста, одвојте време да ја слушнете нивната приказна.
- Емпатијата
Можеме многу да научиме за емпатијата од книгата на Јов. Јов ја изгубил својата стока, неговите слуги, неговата куќа и неговите деца. Тој е покриен со чиреви од стапалките на нозете негови до самото теме негово.”. Неговата сопруга му рекла да „Навреди го Бог и умри”. Тогаш, тројцата пријатели на Јов слушаат за неговата несреќа и ги напуштаат своите домови и доаѓаат да го посетат.
Како го тешат? Тие плачат со него, седат покрај него и си ја раскинуваат облеката. Потоа седат со него седум дена и седум ноќи, на земја. Ни една збор не се прозборе за цела недела, бидејќи тие „видоа колку е страшно неговото страдање”.
Како може да покажете емпатија кон оние кои доживуваат неплодност? Па, прво треба да се знае што е емпатија. Во Мислев дека тоа сум само јас (но не сум), Браун ги споделува четирите атрибути на емпатијата на медицинската сестра Тереза Визман:
- Да можеш да го видиш светот преку перспектива на друго лице. Ова вклучува поглед на ситуацијата со очите на другиот, или барем да ја цените нивната ситуација како вистинска околност низ која минуваат.
- Да не судите, и да се избегнува да се понижуваат емоциите на друго лице како глупави. Емпатичните луѓе можат да ја препознаат важноста на нечие искуство. Тие не го потценуваат тоа искуство како начин да се заштитат од вистинската болка низ која другите минуваат.
- Да се разберат чувствата на другите. Ова започнува со здраво разбирање на сопствените чувства. Мораме да бидеме во контакт со нашите сопствени чувства за да ги разбереме чувствата на другите. Повторно, ова бара ставање на сопствените „нешта” настрана за да се фокусирате на вашите сакани.
- Да го пренесете вашето разбирање за чувствата на таа личност. Наместо да кажете, „Најмалку тебе …” или „Можеше и полошо …” обидете се, „И јас низ тоа сум поминал, а тоа навистина боли” или „Изгледа како да минуваш низ тежок период. Кажи ми што те мачи.”
Да знаете како да допрете до некого, да седите со нив и да плачете со нив е прекрасна дарба. Можеби немате искуство со неплодност – но можете да слушате, а тоа е неверојатно корисно и важно.
- 3. Непобараните совети прават повеќе штета отколку добро
Кога парот ќе се отвори за нивното искуство со неплодноста, некои се желни да понудат совети и приказни за третмани. Не ме сфаќајте погрешно, прекрасно е што втората братучетка на твојот пријател останала бремена благодарение на примена на новиот третман или преглед кај некој доктор. Но, повеќето парови кои се соочуваат со неплодност се свесни дека имаат опции, а можеби имале и посетено добар дел од докторите.
Повеќето совети што ги нудат луѓето се добронамерни. Но, освен ако не сте конкретно прашани за совет во врска со некој медицински проблем, најдобро е да не го нудите. Наместо тоа, едноставно прашајте како најдобро можете да помогнете.
- Неплодноста емотивно и физички исцрпуваа
Истражувањата покажаа дека влијанието кое неплодноста го има врз емоциите на жената е слична на искуството со ракот. Но, за да биде искуството со неплодност уште посилно, стресот е често цикличен. Хормоните на жената варираат во текот на нејзиниот циклус. При моето соочување со неплодноста, мојот лекар ми препиша прогестерон. Од хормоните често чувствувам вртоглавица, исцерпеност, глад и мноштво други несакани ефекти.
Но, паровите кои доживуваат неплодност, исто така, се соочуваат со емоционална исцрпеност која доаѓа со негативните тестови за бременост. Некои парови одат низ третмани за плодност со години, а некои жени и парови доживуваат трајна неплодност. Периодот од месец дена во обидот да се зачне е полн со подеми и падови. Неплодните жени може да бидат полни со надеж на почетокот на циклусот. Но, втората половина на циклусот носи емоционална исцрпеност од исчекувањето. Секој месец е борба со подигнувањето на нашите надежи, само за да видите како надежите се рушат со секој нареден негативен тест за бременост.
- Неплодноста е неверојатно изолирачка
Како жени, ние сме поканети на мекици или на женски настани. Но, за жените кои доживуваат неплодност, тие настани можат да бидат неверојатно изолирачки. Може да се чувствувате како да сте единствена во собата што не е бремена или нема мали деца.
Сум била на настани каде што сум се чувствувала толку осамена, бидејќи немав никакви приказни за тоа како сум останала без сон, бидејќи моето бебе ме држи будна во текот на ноќта. Не можам да ги споредувам опциите за бебешка храна, а никогаш не сум минала низ процесот на раѓање. Но, тоа не значи дека паровите кои доживуваат неплодност не сакаат деца – тоа значи дека работиме на почитување на Божјото време.
- Претпоставките се опасни
Една од најштетните работи во разговорите во врска со темата планирање на семејството е кога луѓето прават претпоставки. Некои претпоставуваат дека во нашите раце немаме деца, бидејќи не ги сакаме токму сега. Некои претпоставуваат дека сме себични – на крајот на краиштата, ние сме млад католички пар, зошто воопшто не сме бремени? Вообичаено има многу повеќе во приказната на бездетен пар, отколку што се мисли.
Во својата книга The Sinner’s Guide to Natural Family Planning (Водичот на Грешникот за природно планирање на семејството), Симха Фишер пишува: „Понекогаш работите се црно-бели. Понекогаш луѓето навистина прават грешки, а наша обврска е во одредени околности, да ја практикуваме христијанската братска корекција … но често има повеќе во приказната. Кога сме поттикнати да делиме совети, да не заборавиме дека човечкото срце е чудна и испреплетена џунгла на мотивации и желби. Ние ги чуваме работите сокриени дури и од самите себе, и само Бог знае кој е виновен, а кој е повреден”.
Наместо да претпоставиме дека младиот, бездетен пар што седи пред вас во црквата е бездетен по избор, практикувајте внимателност и великодушност во разговорот.
- Присвојувањето е прекрасно, но тоа е посебен повик
Кога некој спомнува дека тие се соочуваат со неплодност, темата за посвојување обично се наметнува, како да е одговор на неплодноста. Посвојувањето е многу убав начин да се изгради семејство – но тоа е сопствен повик, а не опција достапна за секого. Посвојувањето има свој сопствен процес и предизвици.
Посвојувањето не лекува неплодност. Дури и ако неплодниот пар посвои, тоа не мора да ја излечи раната од неможноста да се има биолошки деца. Повеќето парови кои се неплодни се свесни дека посвојувањето е опција за градење на семејството и тие треба да ја препознаат таа опција меѓу себе и Бог.
Клое Лангр/к.мк/Кате М.