Денес се навршуваат седум години откако папата Фрањо е избран за Петров наследник. Да се потсетиме зошто го зема името Фрањо?
На правата аудиенција на 16 март 2013 папата Фрањо појасни дека за време на конклавата седел покрај блискиот пријател, надбискупот од Сан паоло, кадринал Хумес. Кога листовите биле пребројани и веќе било јасно дека е избран за Папа, кардианлите започнале да аплаудираат, а кардинал Хумес го прегрнал и му кажал: Не заброавј ги сиромашните!
Веднаш се потсетив на свети Фрањо Асишки – рече Папата, додавајќи дека свети Фрањо е човек на мирот, човек на сиромаштво, човек за чување на создаденото. Колку многу сакам Црква која е сиромашна и за сиромашните – истакна Папата во една прилика во разговор со новинарите.