Денес се празнува свети Сава, архимандрит, роден во Муталаск, во близина на Кесарија, Кападокија во 439, а починал во Палестина на 5 декември 532 година.
Роден е во 439 година, во Источното Римско царство, во едно христијанско семејство. Уште како дете бил испратен да студира во блискиот манастир (Flavianae), во близина на Кесарија од Кападокија (денешна Турција). Тој излезе од таму образован со желба да стане монах, судирајќи се со своите блиски, кои напротив сакале да го пратат да започне воена кариера.
Одлучувачки момент во неговиот живот е кога на својата 18 годишна возраст оддалечувајќи се од своето родно место, отиде како поклоник во Светата Земја, каде што често се задржувал помеѓу монасите – оние кои имале заеднички живот, како и кај испосниците, во нивните пештери. Таму наоѓа еден духовен отец во монахот Евтимиј наречен „велик“. Со него, тој споделил пустињачки живот во пустината во Јордан, во регионот на Мртвото Море. Таму се задржал сѐ до последниот час на својот учител (+ околу 473 година), а подоцна се повлекол во Ерусалим, населувајќи се во една пештера во долината на Кедрон. Таму, со тек на време, околу него се формира една монашка заедница во Палестина создавајќи „Лавра“, која е мешавна од самотнички и заеднички живот, каде што монасите живееле изолирани пет дена од седмицата и се собирале во сабота и недела заеднички да ја славаат светата Евхаристија. Живееле под водство на еден поглавар, и од јануари до Цветната Недела искусувале целосна осаменост во некој пустински регион. Заедно со него, во долината, бојот на монасите достигнал до 150, но се подигнаа и нови „села“ во други делови на Палестина, имитирајќи го неговото, кој го нарече „Голема Лавра“.
Во 492 година, Сава бил ракоположен за свештеник, а Ерусалимскиот патријарх Илија го назначил за архимандрит, односно поглавар на сите монаси испосници во Палестина. Но тој не беше благонаклонет поглавар. Што се однесува за дисциплината не попушташе и не сите го сакаа со што за некое време мораше да се оддалечи. Отиде да основа друга лавра во Гадара, во близина на Тиверијатското езеро. Потоа патријархот го повикал назад, бидејќи бројот на монасите се зголемил: имаше потреба од неговата енергија, за дисциплината и за одбраната на доктрината за двете природи на Христос, прогласена во 451 година од соборот во Калцедон, спротивна на „монофизитската“ теологија, која во Христос признаваше само една природа. Судирот беше теолошки, но со политичка позадина: во Костантинопол постоеше разјареност помеѓу императорот Анастасиј и патријархот. И Сава дотрча во главниот град, во залуден обид да ги помири.
Потоа таму одеше повеќе пати. Последниот пат, во 540 година, за него бил премногу заморувачки: имал 90 години. Но се соочи со патувањето за да ги одбрани палестинците од една тешка даночна казна. Народот уште кога беше жив го почитуваше како светец. Почина во Мар Сава на 5 декември 532 година. Веднаш бил канонизиран за светец, и секогаш бил споменуван исто така од големиот манастир кој го носел неговото име и за долго време бил центар на аскетизам и на студии, кој се уште постои, откако поминал низ многу процвети и паѓања, на пљачкосување и на уништување. Црквата го спомнува на 5 декември.
Gli Scritti/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк