Свети маченици Трифун и Валентин

На 14 февруари Црквата го слави споменот на светите великомаченици Трифун и Валентин. Двајцата светци умреле маченички заради љубовта кон Христос.

За животот на свети Валентин има малку податоци. Живеел во III век за време на владеењето на цар Клаудиј, во периодот на големи прогони на христијаните во Римското Царство. Свети Валентин бил свештеник и се одликувал со голема мудрост. Свети Валентин и покрај царската забрана за венчание и прогонството на христијаните во тоа време ги венчавал младите парови. Исто така тој ги посетувал старите, осамените болните и им подарувал рози и на тој начин посебно ја истакнувал љубовта кон ближниот. На тој начин свети Валентин ја сведочел несебичната љубов, ја истакнувал вредноста, убавината и смислата на бракот и вистинската љубов помеѓу мажот и жената, момче и девојка која што е подготвена на жртва во корист на другиот. Маченички загинува во 269 година. Кратко по неговата смрт тој е прогласен за светец

Свети Труфун е роден во Кампсидија, во Фригија – Мала Азија во сиромашно семејство, бил гускар.. Неговото тело било пренесено во родниот град, а оттаму во Цариград, а од Цариград во Котор, каде што до денес се наоѓаат неговите мошти во Католичката катедралата во Котор подигната во негова чест. Познат факт за свети Трифун е дека ја излекувал ќерката на царот Гордијан III кој во тоа време владеал со Римското царство, која била опседната од зли духови. За тоа дело свети Трифун бил богато награден од страна на царот. Меѓутоа сите дарови кој ги добил ги раздал на сиромаси. Умира маченички во 250 година кога неговата глава била отсечена во градот Никеја.

Примерот на свети Трифун ни сведочи дека вистинското богаство е љубовта кон Бог и ближниот, а материјалното богатство „го јаде молецот и р‘ѓата.“ Станува збор за вистинската љубов која не се покажува со купување на големи црвени срциња или мечиња, туку љубовта изразена во жртвата, послушноста, во подготвеноста да се откажеш од самиот себе за доброто на другиот.

к.мк/Д.И.

Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот