Свети апостол Филип

Свети апостол Филип

Кога славиме празник на некој од апостол нѐ опфаќа желба колку што може повеќе да дознаеме за неговиот живот. Но, таа желба на овој свет можеме само скромно да ја задоволиме затоа што податоците за поголем број од апостолите се прилично сиромашни. Тоа важи и за свети апостол Филип кој денес го славиме.

Според податоците од Евангелието по Иван знаеме дека Филип како и Андреј и Петар потекнуваат од Витсаида на Генесаретското Езеро. Свети Иван Филип го спомнува на пет места: „На другиот ден Исус намисли да отиде во Галилеја и го најде Филипа, па му рече: „Врви по Мене!“ И Филип беше од Витсаида, од градот на Андреја и Петра. Филип го најде Натанаила и му рече: „Го најдовме Исуса, синот Јосифов од Назарет, за Кого пишуваше Мојсеј во Законот и Пророците!“ А Натанаил му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“ Филип му одговори: „Дојди и види!“ (Ив 1, 43-46) Филип му бил пријател на авторот на четвртото Евангелие со кој заедно припаѓале на ученичкиот круг на свети Иван Крстител. Затоа во своето Евангелие и му го поставил тој прекрасен споменик кој говори за средбата на Филип со Исус, како и за неговата ревност за Исус како ветениот Месија да придобие уште еден ревен ученик. Иван во своето Евангелие го става Филип на сцена и кога опишува како Исус чудесно нахранува пет илјади луѓе. „Исус пак кога ги подигна очите и виде дека кон Него иде многу народ, му рече на Филипа: Од каде да купиме леб, за да јадат овие? А тоа го рече за да го искуша зашто Сам знаеше што ќе направи. Филип Му одговори: Не ќе им биде доволно за двесте динарии леб, па да добие секој од нив по малку.“ (Ив 6, 5-7) (…)

Според подоцнежна традиција Филип со своите три ќерки живеел во Ерапол во Мала Азија каде и умрел. Моштите на свети Филип се во Рим во базиликата на Дванаесетмината апостоли каде денес се наоѓа генералната курија на фрањевците-конвентуалци.

Светци.нет/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот