Свети апостол Андреј

Свети апостол Андреј

Денес го славиме празникот на светиот Апостол Андреј, брат на Симон Петар и пријател на Иван и Јаков. Евангелието ни раскажува како Андреј го слушал словото Божјо што му било упатено: „Следете ме, ќе ве направам рибари на луѓе“. И тие веднаш, оставајќи ги мрежите, тргнале по него. Токму оваа подготвеност им овозможи на апостолите да го шират Словото, „радосната вест“ за спасението. Верата доаѓа од слушањето и тоа што се слуша е Словото Христово, кој и ден денес Црквата го шири до краиштата на земјата.

Затоа и ние сме повикани да го слушаме Христовото Слово и да го примиме во срцето. Тој е здравствен лек. Честопати се чини тежок за извршување, и тоа е причината заради кое лесно ги затвораме нашите уши за Бог кој ни зборува: разбираме дека слушањето ќе има последици. Треба да мислиме дека Словото Божјо навистина е лек, кој ако понекогаш заради него страдаме, тоа е заради наше добро, за да се подготвиме да ги добиваме даровите од Господа.

Но Словото не е само лек, туку тој е храна, неопходна храна за душата. Преку пророците е речено дека Бог ќе донесе глад во светот, глад не за леб, туку глад за слушање на неговото Слово. И од ова Слово ние имаме потреба, бидејќи постојано не става во позиција да го бараме и да го прифаќаме Словото Божјо, знаејќи дека тоа треба да нѐ храни преку целиот наш живот. Во животот не може да има полнота, ништо навистина не може да нѐ задоволи доколку не е хрането, внесено, просветлено, водено од Господовото Слово.

Во исто време Словото Божјо е една потреба. Исус за него ни зборува како семе кое треба да расте и да се шири насекаде. Од ова Слово произлегува плодноста на секој апостол. Ако се кажуваат човечки зборови, не е соодветно да се сметаме за апостоли, но доколку во нас го примаме Словото Божјо, тоа нѐ тера да го навестуваме, да го шириме насекаде, поврзувајќи ги луѓето со Бог.

Од светиот апостол Иван знаеме дека не е лесно да се слуша Словото Божјо, кое не е човчко дело.

Исус ги прекорува фарисеите дека не се способни да го слушаат неговиото Слово, затоа што не му се послушни на Бог:

„Секој што чул од Отецот и се научил, доаѓа при Мене“ (Ив 6, 45) вели Господ: за да се слуша Словото Божјо потребно е да му се биде послушни на Отецот.

Всушност, ова Слово ја сочинува нашата среќа, бидејќи е средство за комуникација. Зборот секогаш е средство за комуникација, тој е возвишено средство за човечката комуникација. Без него не би можеле да комуницираме меѓу нас, не би можеле да се разбереме, не би можеле да работиме заедно. Затоа и Словото Божјо е средство за комуникација со Бог. Ако сакаме да бидеме во заедништво со Бог треба во нас да го примиме неговото слово.

Од друга страна токму Тој е кој во Неговата добрина и великодушност ни го дава Своето Слово, нѐ става во комуникација, токму Тој е кој прв ни зборува, кој ни ги отвора ушите за да би можеле да слушаме, како што вели псалмот, и ни дава чест да зборуваме со Него. Словото Божјо исто така е средство да бидеме ние луѓето едни со други во заедништво. Бидејќи вистинското братство е можно само и преку Словото Божјо. Ако ние го отфрлиме, најубавите желби, најдобрите намери да се биде во заедништво со другите тогаш сме осудени на неуспех, бидејќи недостасува вистинската основа, која што е заедништвото со Бога.

Да го измолиме свети Андреј да нѐ научи да слушаме, многу великодушно, многу едноставно и братски да го примаме Словото Божјо за да бидеме во заедништво со Бог и во заедништво едни со други.

ЛаКиеза/З.А:

Категорија: Вера, Вести, Сведоштва

За авторот