Свети Антониј Велики

Свети Антониј Велики

Живееше во осаменост во пустината но не беше сам

Свети Антониј Игумен (понекогаш наречен исто така Свети Антониј Египетски или Свети Антониј Велики) бил инспириран од Евангелијата да продаде сѐ што поседувал и да води живот на осаменост во египетската пустина. Избрал мирно испосништво далеку од светот, но не успеал целосно да победне од најупорниот непријател.

Ѓаволот, знаејќи дека Антониј бил многу свет човек и близок до Бога, направил сѐ да го оттргне од овој пат. Кога не успевал да го оддалечи од Бога преку световните богатства, почнал физички и духовно да го нападнува. Свети Атанасиј потсетува на некои од овие епизоди во Житието на Свети Антониј.

Откако не успеал во искушението со ласкањето на богатството, ѓаволот го нападнал младиот Антониј „вознемирувајќи го ноќе, малтретирајќи го дење до тој степен што оние кои го гледале биле свесни за борбата која се водела помеѓу двајца“. Сепак, по секое искушение Антониј „го зајакнувал своето тело со помош на молитвата и постот“.

Разочаран, ѓаволот се обидел да се соочи со Антониј преправајќи се во момче и разговарајќи со него. Антониј одговорил: „Заслужуваш голем презир; црн си во душата и слабичок си како едно дете. Немам повеќе причина да се грижам за тебе. Господ е мојата помош и јас ги презирам моите непријатели“.

На некое време ѓаволот го оставил на мира, но потоа се вратил да го искушува, овој пат со мноштво демони. Ѓаволот физички го мачел, надевајќи се дека од страв би се вртил на поранешниот начин на живот, но тој останувал цврст во верата и му рекол на ѓаволот: „Еве ме овде; не бегам од вашите удари. Дури и повеќе удари да ми зададете ништо нема да ме оддели од љубовта Христова… Дури и цела армија да се спротивстави против мене, моето срце нема да се исплаши“.

По секоја средба со ѓаволот Антониј сѐ повеќе се зацврстувал во својата вера, а Бог секогаш му помагал. Кога ги поучуваше своите ученици, Антониј им велеше како да ги победат демоните: „Прекрстете се и со верба продолжете. Оставете тие сами да се мамат“; „Не треба да се плашиме од нивните замки; молитвите, постот, верата во Господ прават веднаш да паднат“.

Било со какво искушение се соочуваме, Антониј не учи дека верата, молитвата, постот и знакот на крстот се доволни да го победат Лукавиот. Ѓаволот може да се чини дека е моќен, но светците докажале дека не е, и дека не е закана за оние кои сопствената доверба ја ставаат во Бога.

Алетеја/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот