Постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации надбискупот Иван Јурковиќ во говорот пред Меѓународната организација за миграција во Женева на 26 ноември изрази загриженост заради состојбата со затворањето заради пандемијата во која се најдоа странските работници во земјите на миграција.
Додека мигрантите кои се вселуваат како работна сила се добредојдени, во lockdown наидуваат на повеќе потешкотии и можеби најмногу трпат. Имигрантите имаа еднакво достоинство како сите други луѓе. Тие се можност за збогатување и придонесуваат за целосен развој на сите, истакна монс. Јурковиќ, осврнувајќи се на енцикликата „Fratelli tutti“.
Имиграцијата несомнено игра с\ поголема улога во различните општества. За да можат да придонесуваат во културните, економските и општествените подрачја неопходна е успешна интеграција. „Важно е да се преиспитаат факторите на човечкиот соживот од перспектива на братството и солидарноста“ – порача надбискупот Јурковиќ.
Ика/к.мк