Светиот Престол: Да се вклучи слободата на вероисповед во Општиот договор за бегалците

Светиот Престол: Да се вклучи слободата на вероисповед во Општиот договор за бегалците

Надбискупот Иван Јурковиќ, постојаниот набљубувач на Светиот Престол при Обединетите нации во Женева се осврна на нацртот на Општиот договор за бегалаците.

Светиот Престол во своите забелешки и во своите ставови, го цени темелниот нацрт на Општиот договор за бегалаците, но нагласува дека се изоставени одредени аспекти кои се од посебен интерес како на пример духовната димензија на бегалците, нивното право на верска слобода и потребата да се направи повеќе за да се почитува единството на семејството. Во својот говор во текот на првото советување за Општиот договор за бегалците надбискупот Иван Јурковиќ, постојаниот набљубувач на Светиот Престол при Обединетите нации во Женева, исто така предупреди дека спомнувањето на начелото „не-отфрлање на пропуштеното“, затоа што е наведено во прилог и би можело повторно да биде истакнато во Акцискиот план.

Неговиот говор е сеопфатен испит за соочување со драмата бегалци кои – потсетува монсињорот – не се пиони на шаховската табла на човештвото. Делегацијата на Светиот Престол се заблагодари на УНХЦР, а посебно на заменик Високиот претставник за деталното претставување на нацртот. Исто така потсетува дека заштитата на бегалците е задача која ја надминува добрата волја на поединечни земји и бара придвижување и соработка внатре во меѓународната заедница. Овој историски момент – вели надбискупот Јурковиќ – претставува прилика за да се истакне стандарниот пристап на меѓународната заедница. Затоа се потребни политики и конкретни мерки. Треба да се потпреме и на она што го рече папата Фрањо: да се бранат неотуѓивите права на бегалците, почитувајќи ги основните слободи и достоинството, тоа е должност од која никој не е иземен.

Затоа е потребна поддршката на меѓународната заедница, заедниците кои ги прифаќаат и ги оставаат отворени своите граници. Важно е да се заштити од трагедијата за присилно раселување. Конечно е прифатена идејата периодично да се оценува напредокот и спроведливоста на Општиот договор во светло на подоцните случувања. Делегацијата на Светиот Престол предложи во воведниот дел да се додаде уште една клаузала. Пред сè препорачаните мерки би требало да се читат како заедничко делување во служба на бегалците, а не како едноставен список на неповрзани најдобри практики. Второ, човечката личност да остане во сите случаи под заштита на начелата на хуманост и јавниот глас на совеста – истакна надбискупот Јурковиќ.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот