Светиот Престол воведува ресоцијализација во кривичното право

Светиот Престол воведува ресоцијализација во кривичното право

Со Мото проприо на папата Фрањо, објавено на 16 февруари 2021 година се воведува социјална реинтеграција во казнениот законик на Ватикан, а три нови члена стапуваат на сила истиот ден.

Во иднина, на осудениците ќе може да им се намали една осмина до една третина од казната ако учествуваат во некоја од програмите за терапија или ресоцијализација. Одлуката се образложува со „промената на чувствителноста“, бидејќи некои претходни стандарди и решенија се надминати. Папата Фрањо повторно нагласува дека на секој осуденик мора да му се даде можност за нов почеток.

Покрај примерното однесување, предуслов за намалување на казната е и конкретен план за ресоцијализација, осудениот што ја презема оваа обврска ќе мора да ги ублажи последиците од кривичното дело со вршење на општествено корисна работа. Другите измени во кривичното право се однесуваат на слободата на обвинетиот и на кривичната постапка.

Во отсуство на сопствени извори, кривичното и процесното право на државата Ватикан сè уште се темели на италијанското кривично право од 19 век и во многу делови не ги исполнува денешните стандарди.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот