Светиот Отец прати порака на утеха и охрабрување до парохот на Газа

Драги брате, ја примив веста преку патер Нарио Корниоли. Со вас сум, со чесните сестри и со целата католичка заедница, со тие зборови започнува кратката лична порака на папата Фрањо која, по пат на електронска пошта, ја упати синоќа до парохот на Газа, Хорхе Хернандез, аргентински мисионер од Заедницата на Овоплотеното Слово и до неговата заедница, пишува Ватикан Инсајдерr, а веста ја потврди патер Чиро Бенедетини, заменик директор на Ватиканската прес служба.

Ве пратам со својата молитва и со својата близина, напиша Папата. Нека ве благослови Исус, а Светата Девица нека ве чува. Ве прегрнувам! Братски! Фрањо.

Само неколку битни зборови кои уште посилно и порешително веднаш по покревањето на копнената офанзива од страна на Израелската војска во Појасот Газа. Вчера, Светиот Отец беше известен за тешката ситуација на околу 200 католици во Газа, ситуација што ја споделуваат со сите жители на Појасот Газа.

Во средата три ракети ја уништија зградата која се наоѓа спроти парохијата на Светото Семејство, во која по почетокот на израелските воени операции се преселија и сестрите на Мајка Тереза, заедно со децата инвалиди и постарите жени за кои се грижат.

Во парохијата овие денови требаше да започнат летните активности за децата, пишува на својот блог патер Марио Корниоли, свештеник во Беит Јал, но веднаш по првиот ден се прекинати поради опасноста од бомбардирање. Во Газа нема засолништа, а нема ниту сирени кои би предупредиле пред да стигнат бомбите, затоа патер Хорхе, заедно со монасите ги прати децата дома, иако и нивните домови, во секој момент може да се претворат во гробови.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот