Во текот на аудиенцијата на 27 јануари 2025 година, папата Фрањо му даде овластување на кардиналот Марчело Семераро, префект на Дикастеријата за кауза на светците, да објави шест декрети на Дикастеријата со кои една блажена и пет Божји слуги ќе бидат воздигнати на повисок степен во процесот за прогласување на блажени и свети.
Како што соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол, станува збор за уредби поврзани со:
- чудото на блажена Винченце Марије Полони, основачка на Заводот на милосрдни сестри, родена во Верона на 26 јануари 1802 година, која починала во истиот град на 11 ноември 1855 година;
- мачеништвото на слугата Боји Пјетро да Корпа и четворицата придружници, од Редот на малите браќа, убиени „in odium fidei“ во септември 1597 година во Флорида, денешна Џорџија, Соединети Американски Држави;
- мачеништвото на слугата Божји Ликарион Мајо (крстното име Франциско Бенјамин), член на Институтот на браќата од маристичката школа, роден во Бањес, Швајцарија, на 21 јули 1870 година и убиен во „ in odium fidei“ на 27 јули 1909 година, во Барселона, Шпанија;
- херојските добродетели слугинката Божја Марија Ричард од Прескапоцената Крв Бошамп Хамброу генерална игуманија од Редот на Пресветиот Спасител на Света Бригита, родена на 10 септември 1887 година во Лондон, починала на 26 јуни 1966 година во Рим;
- херојските добродетели на слугата Божји Квинтино Сикуро, дијацезантски свештеник, пустиник, роден на 29 мај 1920 година во Мелисано, Италија, а починал на 26 декември 1968 година на патот до ридот Фумајоло ди Вергерето, Италија;
- херојските добродетели на слугинката Божја Луиџи Синапи, мирјанин, родена на 8 септември 1916 година во Итри, Италија, а починала на 17 април 1978 година во Рим.
Кта/к.мк