Светиот Отец објави дека салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро ќе биде беатифициран
Папата Фрањо во вторник, 3 февруари објави дека салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро, кој во 1980 година го убија десничарските одреди на смртта, умре како маченик и дека ќе биде беатифициран.
Во извештајот стои дека Папата го одобрил декретот според кој Ромеро е убиен поради верска омраза, одобрувајќи го предлогот на кардиналскиот совет и експертите по теологија.
Потегот значи дека Ромеро може да биде прогласен за блажен, иако не му се припишува никакво чудо.
Салвадорскиот надбискуп е убиен на 24 март 1980 година додека служеше света Литургија во болничката капела. Често во своите проповеди ги осудуваше репресијата и сиромаштвото.
РВ/С.С.
Категорија:
Ватикан