После пладневната молитва на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо се обрати до меѓународната заедница да се ангажира за воспоставување мир во Либија и да им помогне на бројните мигранти кој се наоѓаат во таа северноафриканска земја.
Со големо треперење ја следам драматичната ситуација во Либија која последните денови беше присутна во моите молитви – рече Папата после пладневната молитва во недела 14 јуни 2020 година и поттикна: Ги повикувам меѓународните организации и сите кои имаат политичка и воена одговорноста да започнат со барањето на пат кој води до мир, стабилност и единство на земјата. Молам и за илјадниците мигранти, бегалци и азиланти и раселени луѓе во Либија. Здравствената ситуација ги влоши нивните несигурни услови кои со искористувањето и насилството ги направија да бидат уште повеќе ранливи. Ја повикувам меѓународната заедница да ја земе во предвид нивната ситуација, овозможувајќи патишта и давајќи средства за да им се обезбеди потребната заштита, достоинствени услови и иднина која ќе им дава надеж.
Денес се одбележува Светскиот ден на крводарители. Ова е можност да се поттикне нашето општество да биде солидарно и чувствително кон оние на кои им е потребна. Ги поздравувам присутните волонтери и искажувам почит кон сите оние кои го вршат тоа едноставно, но многу важно дело за помош на ближниот – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк