Во неделата, 09 април 2017 година, на Цветници во парохијата „Свети пророк Илија“ во Радово на посебен начин се молеше за мир во Македонија. Светата литургија која ја предводеше Неговото Високо Преосвештенство д-р Киро Стојанов, во сослужение со домашните свештеници, беше отслужена во намерение за мир во нашата Татковина. Кон молитвите се придружија и сите верници од парохијата.
По Божествената литургија беше отслужен и Молебен во чест на Пречиста Дева Марија молејќи го заговорот на нашата Небесна Мајка, зашто мирот нема цена, односно е непроценлива придобивка за сите.
радово.мк/Наталија С.