Реакција на кардинал Рајнхард Маркс за атентатот во Берлин

Реакција на кардинал Рајнхард Маркс за атентатот во Берлин

Кардинал Рајнхард Маркс претседател на европските епископи и Германската епископска конференција го изрази своето сочувство за жртвите од атентатот и повика на единство по насилството на божиќниот саем во Берлин на 19 декември 2016 година.

Длабоко ме шокираше веста од Берлин. Насилството направено на божиќниот пазар е спротивно на она што посетителите дошле да го бараат. Се сочувствувам со роднините на загинатите и ранетите. На сите ќе се сетам во своите молитви. Во овие тешки моменти за Берлин и за нашата земја важно е за нас да останеме исправени и обединети – рече кардинал Маркс.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот