Канцеларијата за печат на Светиот Престол го објави распоредот за богослужбите на Папата до крајот на јуни 2023 година, истакнувајќи ја светата Литургија на 29 јуни во базиликата Свети Петар за празникот Свети Петар и Павле.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол го објави распоредот за богослужбите на Папата до крајот на јуни 2023 година
Единствената официјална литургиска служба е на празникот Свети Петар и Павле, на 29 јуни во 9.30 часот во базиликата Свети Петар.
Традиционално, свечената света Литургија во базиликата се служи во присуство на бискупи и кардинали, како и делегација од Цариградската вселенска патријаршија, која секоја година е присутна за празникот на патроните на Римската црква.
На почетокот на прославата ѓаконите обично слегуваат под олтарот на Исповедта, каде што се наоѓа гробот на Свети Петар, за да ги донесат палиумите што ќе им бидат дадени на надбискупите митрополити кои се именувани во текот на годината, а Папата ги благословува палиумите, кои „ја симболизираат пасторалната грижа“.
Ватикан њуз/к.мк