Од 1 до 4 јули во Бирмингем во Англија се одржа 47 средба на Генералните секретари на европските епископски конференции. Во фокусот на средбата е темата за односот помеѓу хиерархиските и каризматските дарови
Разпознавањето на даровите е од животна важност за Црквата. Тие во неа се присутни само ако тоа разпознавање се остварува во однос на широките културни и верски хоризонти, посебно со поглед на „поврзаност“ помеѓу хиерархиските и харизматските дарови кои произлегуваат од ист Дух. Тоа се темите за 47. годишна средба на Генералните секретари на Советот на европските епископски конференции која се одржа од 1 до 4 јули во Бирмингем во Англија.
Претседателката на Движењето на фоколарите Марија Воче на средбата го изнесе своето сведоштво за важноста на различните харизми во Црквата под наслов „Петровиот лик и маријанскиот лик: заедно за нова Педесетница“. Таа го истакна постоењето на „поврзаност“ помеѓу хиерархиските и харизматските дарови во Црквата.
Различните реалности кои се создаваат од една харизма мора да се живеат добро вклопени во цлината на црковните структури на кои им припаѓаат и да се негува плодна размена со сите реалности – рече претседателката на Движењето на фоколарите и напоменува дека и локалната Црква, бискупиите и парохиите мора да се отворат за богатството на разноликостите на харизмите кои во нив постојат.
Излагање на средбата одржа и пензионираниот надбискуп на Саутуарк монс. Кевин Мекдоналд, поранешен секретар на Папскиот совет за промовирање на единство на христијаните, кој се фокусираше на темата за отворените прашања и аспекти во однос помеѓу „харизмите и институциите.“ Потсети на личното искуство на папата Фрањо со харизматската обнова во времето кога бил надбискуп на Буенос Аирес и истакна дека тоа значајно влијаело на неговото сфаќање за Обновата во духот, така што Обновата во духот ја опишува како „струја на екуменски милости.“ (…)
Средбата заврши со претставувањето на минатогодишните активности на четирите комисии на Советот на европските епископски конференции и размена на искуства и информации на Генералните секретари кои разговараа за активностите спроведени во нивните епископски конференции и претставување на обврските кои се планирани за следната година.
Ватикан њуз/к.мк