Радово: Манифестација „Секое дете заслужува да биде ученик“

Радово: Манифестација „Секое дете заслужува да биде ученик“

По повод 1 септември датумот кој званично се зама како почеток на учебната година, заеднички децата и возрасните во Радово дадоа подршка за сите деца во Македонија и светот кои од различни причини се спречени да го отпочнат своето школување. За Децата кои поради абортус, војни, сиромаштија или трговија со луѓе се оневозможени да го дочекат денот да отпочнат со своето школување.

Манифестацијата, која се одржа на 1 септември 2017, опфати возење на велосипед, молитвена – порака и заедничко дружење за пренесување на желбата децата да ја имаат можноста за свое школување.

Манифестација: „Секое дете заслужува да биде ученик“, беше организирана од парохијата Свети пророк Илија Радово, со благослов на Неговото Високо Преосвештенство д-р Киро Стојанов, во соработка со општина Босилово и градоначалникот г-дин Љупчо Колев и СВР Струмица, со подршка и учество на паросите, капеланите и верници од парохиите во Струмица, Нова Маала, Петралинци, Секирник…

к.мк/з.и.с.

повеќе фотографии

Категорија: Вести, Македонија

За авторот