Радио Марија го одржа Божиќниот Маријатон

Радио Марија го одржа Божиќниот Маријатон

Од 27 до 29 декември 2024 година Радио Марија го одржа овогодишниот Божиќен Маријатон. По тој повод радиото емитуваше специјална програма, во која слушателите беа запознати за почетоците на радиото, неговото послание, како и важноста на Радио Марија за Црквата и општеството во Македонија. Бројни соговорници ги искажаа своите впечатоци, мислења и искуство со радиото. Специјалната програма ја подготвија и реализираа отец Гоце Костов, Данче Ичева и Томе Васиќ.

За време на Маријатонот се собираа и средства за покривање на дел од трошоците, кои радиото ги има кон ЈП Националната радио дифузија.

Во рамки на Маријатонот во петок вечерта се молеше света Бројаница за слушателите, волонтерите и донаторите на радиото. Во сабота се одржа ден на отворени врати, при што слушателите имаа можност да ги разгледаат просториите на радиото и да поразговараат со вработените и волонтерите.

Во недела, во рамките на Маријатонот директорот на Радио Марија отец Гоце Костов служеше света Литургија во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица, а во проповедта рече дека срцето на Радио Марија е Богородица – Мајката на нашиот Господ Исус Христос и Мајката на сите нас и се заблагодари на сите оние кои ја даваат поддршката на Радио Марија, на било кој начин.

 Потоа следуваше дружење и разговор во парохиската сала.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот