Размислувањата за Крстниот пат на Велики Петок во римскиот Колеосеум оваа година папата Фрањо ги довери на професорката по теологија Ана Марие Пелетиер, добитничка на „Наградата Рацингер“ во 2014 година. Таа е родена во Париз пред 71 година и е угледна професорка на подрачјето на херменевтиката и библиската егзегеза. Меѓу нејзините трудови се истакнуваат тие за жената во христијанството и во Црквата, за односот меѓу еврејството и христијанството, како и за монаштвото. Покрај тоа во 2001 година учествуваше на епископската синода како аудитор.
РВ/к.мк