Простувајќи се лекуваш себе си и другите

Ако сакаш некој човек да го промениш, поправиш, да му помогнеш да се излекува, тогаш најпрво прости му. Со то го ставаш во Божји раце и тогаш Бог го лекува, го оздравува, го поправува и го враќа назад излекуван. Ако сакаш Бог да те направи подобар, прости си самиот на себе. Ако сакаш Бог вечно да биде твој пријател тогаш прифати го сето она што Он ти го нуди во животот, макар тоа да ти изгледа неприфатливо. Прости му на Бог што не те прашува сакаш ли само доброто да го примиш или ќе го примиш и она што навидум е болно. Простувањето со други зборови му ја донесува на човекот семоќноста Божја. Небото слегнува на земјата. Царството Божјо влегува во нашите подрачја и го остварува она за кое што викаат нашите стремежи. Всушност, со простувањето се лекуваме себе и другите, се поправаме себе и општеството. Затоа целиот пекол заговара против можноста да простиме. Затоа на сите начини нè уверува дека треба да се осветуваме, а не да простуваме. Затоа наведува на масакар, убивање и прави сè за луѓето да мразат, а да не простуваат.

Да простиш значи да се сочуваш себе си од злото, омразата, лошото, од самоуништување и сопствениот пекол. Да простиш значи да останеш здрав, да не дозволиш непријателот духовно да те уништи како човек, значи да овозможиш правдата да ти врати за она што ти е уништено, да ти ја излекува раната која што навредата ти ја нанела, сторителот на злото соодветно да биде казнет и да може повторно мирно да живееш. Простувањето е верување во доброто, а неверување дека омразата може да се уништи со омраза, не верување дека навредата може да се отстрани со навреда, дека болеста може да се спаси со здравје. Правдата не е во тоа за запалена куќа од непријателот заради освета да се запали неговата куќа, туку во тоа да се присили тој да ти направи или да ти плати нова куќа. Непростувањето е запалување на куќата на непријателот, така што двајцата стануваат бездомници. Со простувањето му даваме слобода на Бог во себе Тој за нас сè да направи. Со простувањето на непријателот му ги врзуваме рацете повеќе да не може да ви направи зло. Простувањето е најголемата освета на непријателот. Да простиш некому е да го земеш најсилното оружје против него, а тоа е самиот Бог.

Злото, омразата и гревот можат да се убијат само со простување. Единствено оружје со кое ќе го убиеме својот најголем непријател, а тоа е омразата, нечовечноста, злото, гревот е меѓусебно да си простуваме.

Само со простување се прима простување, само давајќи се добива, облеката која си ја дал и тебе ќе те згрее. Парчето леб кој си го дал на другите и тебе ќе те нахрани, воздухот кој го препушташ на другите и тебе ќе ти ги наполни белите дробови, радоста која си ја пружил и тебе ќе те израдува. Тој е основниот закон на животот. Најлоши непријатели на човештвото се осветата и непростувањето. Најголем злосторник е оној кој не сака да ја прими раката која му простува. Непријатели на човештвото се само оние кои се осветуваат, кои го мразат човекот, кои сакаат да водат војна против него, кои не му веруваат и кои не му простуваат. Злото е посилно од нас. Искушувачот нè победи на почетокот, во раното утро на човечката историја. Он ќе победува до крајот, ако не се свртиме едни кон други, ако не се препознаеме како браќа и не започнеме да се сакаме. Злото може да биде победено единствено ако ние почнеме да си простуваме едни на други. Вината од своите совести можеме да ја измиеме ако се помириме.

Томислав Иванчиќ/к.мк/Д.И.

 

За авторот