Прославен празникот Сите светии во Куманово

Прославен празникот Сите светии во Куманово

Верници од Куманово на 1 ноември 2016 година на празникот Сите Светци славеа Света Литургија собрани околу олтарот и Словото Божјо во заедништво со својата Црква – небеска и земска. Тоа е ден одреден од Црквата да се сетиме на сите оние кои ги прогласила свети, како и оние кои не се прогласени, но со својот живот го оствариле идеалот на христијанскиот живот и нивните души и нивните души влегле во царството Божјо, откако по смртта нивните крштелни облеки се обелени во крвта на Јагнето. Станува збор за она бескрајно мноштво обични луѓе, мноштво кое ни сведочи дека светоста не значи ненормалност, беспрекорност, туку значи човечка полнина. На светоста се повикани сите христијани.

Вечерта верниците од Куманово ги посетија гробиштата. Задушница се слави секоја година на 2 ноември, кога се сеќаваме на сите свои сакани покојни. Посетата на гробовите и гробиштата во тој поглед се знак на внимание и вера. На тој ден верниците се молат за душите на своите сакани покојни, за нив палат свеќи на гробовите, присуствуваат на света Литургија, на тој ден се посветуваат на молитва, молејќи го Божјото милосрдие да ги очисти од нивите слабости и да ги воведи таму кадеш то исчезнува секоја солза.

Во пресрет на празникот Сите светии младите во Куманови во организација на извидниците започнаа со настан кој се нарекува „Holywin“ или светоста победува. Целта на Holywin е да се обнови заедништвото во молитва и бдение во пресрет на големите празници. Holywin има за цел во пресрет на празникот Сите Светци да ги повика младите на радосно заедништво за да бидат свесни дека се повикани да бидат свети. Овие средби се одржуваат во целиот свет, па и во Македонија. Holywin е одговор на големиот маркетиншки пропаганден пагански празник Ноќ на вештерките, кои директно се спротивставува на католичката традиција.

За крај ги пренесуваме зборовите на папата Бенедикт XVI кој вели дека за да би можеле да бидеме свети не е потребно да правиме некои посебни потфати и дела, ниту пак е потрбено да се поседуваат посебни харизми, туку едноставно да се служи на Христос, да се слуша и да се следи без обесхрабрување во тешките ситуации. Само со неговата помош можеме да станеме свети.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот