На 6 декември 2018 година во црквата „Свето Благовештени“ во Штип со света Миса беше прославен празникот Свети Никола, на која присуствуваа голем број верници, особено деца во придружба на нивните родители.
На почетокот од светата Миса парохот о. Тони Ангелов ги поздрави сите присутни наменувајќи ја светата Миса за мир, здравје, радост и љубов во нивните семејства, а на крајот од светата Миса им се заблагодари на сите оние кои помогнаа да се украси Божјиот дом.
На Светата Миса присуствуваше и почесниот гостин советникот Господин Владо Узелац, шеф во конзуларниот оддел при Амбасадата на Република Хрватска во Скопје.
По светата Миса средношколци од драмската секција при нивното училиште од Штип приредија претстава со наслов „Подарок од свети Никола“, после која, ликот свети Никола на најмалите им подари пакетчиња.
Сето тоа беше финансирано од Државниот уред за Хрватите надвор од република Хрватска, а во организација на Заедницата на Хрвати „Либертас“ од Штип во соработка на ПСУ САБА – Штип.
к.мк/З.А.