Прославен патрониот празник свети Кирил и Методиј во Петралинци

Прославен патрониот празник свети Кирил и Методиј во Петралинци

Во четврток, 23 мај 2019 година во предвечерието на празникот Свети Кирил и Методиј во парохиската црква во Петарлинци, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Струмичко – скопски епарх и Скопски бискуп го предводеше молебенот до свети Кирил и Методиј. За време на молебенот во црквата беа изложени моштите на свети Кирил.

Во проповедта епископот Стојанов го истакна делото на светите браќа Кирил и Методиј при што нагласи дека тие го доближуваат Христовото евангелие – радосната вест на луѓето како тогаш така и денес.

Во петок, 24 мај 2019 година на празникот на светите Кирил и Методиј во истоимената парохија во Петралинци, со свечена света Литургија која ја предводеше парохот о Горге Појразов, беше прославен патрониот празник на парохијата. На неа присуствуваат свештеници од Струмичко-скопската епархија, сестри Евхаристинки на чело со провинцијалната сестра Стефанија и голем број верници од Петралинци. Пригодна проповед одржа о. Горге Појразов при што истакна:„Христијанството не треба да се разбере како некој тесен круг на луѓе, туку христијанството е отворено кон светот и треба да биде светло во светот“. На крајот од светата Литургија парохот о. Горге Појразов упати благодарност до сите оние кои помогнале во подготовките на празникот.

Прославата заврши со заедничко агапе во парохиската сала, за чија организација се погрижија верниците од Петралинци.

По овој повод во парохијата имаше тродневница, како подготовка за патрониот празник.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот