Во вторник 24 мај 2022 година во свечена света Литургија беше прославен патрониот празник на парохиската црква Свети Кирил и Методиј во Петралинци. Свечената света Литургија ја предводеше парохот о. Ѓорге Појразов со сослужение на свештеници од Струмичко – скопската епархија. Покрај свештениците беа присутни и сестрите Евхаристинки од Струмица, Радово и Нова Маала.
Пригодна проповед одржа парохот Појразов во која тој истакна дека: „Христијанинот треба светлината да ја има и носи насекаде, која е всушност самиот Христос“. Во склоп на проповедта парохот ги пренесе честитките упатени од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Струмичко-скопски епарх и Скопски бискуп до сите верници во парохијата.
На крајот од Литургијата парохот Појразов се заблагодари на Бога, на браќата свештеници а потоа и на сите присутни верници и сите оние кои беа вклучени во подготовките за празникот. Потоа следуваше заедничко агапе во црковната сала, кое го поготвија верниците од Петралинци.
к.мк