Прославен патрониот празник на Католичката црква „Свето Благовештение“ во Штип

Прославен патрониот празник на Католичката црква „Свето Благовештение“ во Штип

На 25 март 2022 година, со почеток во 17.00 часот со свечена света Литургија, според Грегоријанскиот календар, беше прославен Паторниот празник „Свето Благовештение“ во парохиската црква во Штип.

Светата Литургија ја предводеше скопскиот парох и декан на Скопската бискупија, дон Паво Шекерија, во сослужение на домашниот парох о. Тони Ангелов, како и со свештеници од Скопската бискупија и од Струмичко – Скопската Епархија.

На крајот од Светата Литургија верниците од оваа парохија имаа се приклучија на заедничката молитва, на која папата Фрањо повика, за посветување на Русија и Украина на Безгрешното Срце Мариино, која во тој ист момент се молеше во целиот свет.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот