Прославен патрониот празник на Катедралната црква во Струмица

Прославен патрониот празник на Катедралната црква во Струмица

На празникот „Успение на Пресвета Богородица, 28 август 2017 година на патронатот на Катедралната црква во Струмица, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија служеше света архиерејска Литургија во сослужение на свештеници од Апостолскиот егзархат и Скопската бискупија. Светата Литургија започна со свечена процесија, а Катедралниот хор со своето пеење ја возвеличи божествената Литургија.

Во својата проповед епископот Стојанов се осврна на ликовите од Евангелието – Марта и Марија сестрите на Лазар, како и за ликот на Марија Мајката Господова.

Протоерејот ставрофор Георги Трајков, катедрален парох се заблагодари на Н.В.П. монс. д- р Киро Стојанов за неговото присуство и духовно слово, ги поздрави деканот на Апостолскиот егзархат, о. д-р Зоран И. Стојанов и деканот на Скопска бискупија дон Давор Топиќ, присутните свештеници, како и сите оние кои дадоа свој допринос во организацијата на патрониот празник.

На крајот од свеченоста во црквата најпрво беа благословени лебовите и пченицата, а потоа во дворот епископот Стојанов го благослови агапето подготвено од црковниот одбор, кое веднаш потоа се делеше на верниот народ.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот